Како Роналдо му ја променил кариерата на Бензема? Момче, ова не е доволно за Реал Мадрид!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Кристијано Роналдо и Карим Бензема долги години беа страшен тандем во нападот на Реал Мадрид, па заедно освоија многу трофеи.

Легендата на Реал Мадрид, Хорхе Валдано вели дека Роналдо е заслужен што Бензема станал еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Роналдо го направи вистински професионалец и Бензема го прифати секој совет кој го доби од Португалецот.

„Промената кај Бензема се случи поради професионалниот пристап. Играше со Роналдо, врвен професионалец, кој му кажа: Момче, ова што го покажуваш не е доволно за Реал Мадрид. Бензема научи многу од тој совет. Интелигентните луѓе прават добри промени. Дури и заминувањето на Роналдо го подобри Бензема“, вели Валдано.