Како се распадна моќното трио: Почна со скандалот на Нејмар, а заврши со потврда на Мбапе


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ имаше моќно трио кое требаше да ја покори Европа, но на крајот се случи само распад на францускиот гигант. Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар повеќе нема да ги гледаме заедно во дресот на парижаните.

Мбапе беше избран за најдобар фудбалер во Лига 1, а новинарите ги интересираше само едно прашање и тоа е дали останува во ПСЖ. Французинот даде јасен одговор на тоа, односно потврди дека ќе го носи дресот на шампионот.

И додека Мбапе потврди дека останува во клубот, неколку часа подоцна Нејмар направи скандал кој не можеше да патува со екипата во Стразбур на прослава на титулата затоа што беше на трка во Формула 1.

Меси, од друга страна, веќе реши да го напушти Париз и неговите мисли се насочени кон Барселона, каде што играше пред да се пресели во француската екипа.