Како започна караницата помеѓу Винисиус и Симеоне? „Мирно, сега ќе досудат пенал”


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полуфиналната средба на шпанскиот Суперкуп помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид (2:1) во Џеда предизвика високи тензии, не само на теренот туку и покрај аут-линијата. Во центарот на вниманието беа тренерот на Атлетико Диего Симеоне и напаѓачот на Реал Винисиус Жуниор.

Нивната препирка стана главна тема по натпреварот, особено поради реченицата што ја упати Симеоне кон бразилската ѕвезда: “Флорентино ќе те исфрли, запомни.” Во расправата се вклучи и тренерот Хаби Алонсо, а Реал Мадрид, како што се наведува, е незадоволен од ставот на аргентинскиот тренер.

Иако Симеоне на конференцијата за медиуми не сакаше подетално да коментира за инцидентот, од таборот на Атлетико тврдат дека конфликтот започнал со провокации од Винисиус, пишува шпанскиот AS.

Според верзијата од таборот на Атлетико, сè започнало откако Винисиус побарал пенал по дуелот. Бразилецот наводно, тогаш се свртел кон клупата на Атлетико со гестови кои ги разбесниле сите во спротивниот табор. “Спокојно, сега ќе досудат пенал”, е реченицата што им ја упатил Винисиус, како што тврдат од Атлетико.

Тогаш Симеоне побара од фудбалерите да продолжат со играта, а среде караницата ги изговори и зборовите за неговата иднина кои ги снимија камерите: “Ќе те исфрлат.” За тоа тренерот подоцна, на патот кон соблекувалната, разговараше со Федерико Валверде и Дани Карвахал.