Каков ден на „Олд Трафорд“: Аморим избрка девет играчи од Манчестер Јунајтед


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Голем ден е денеска на Олд Трафорд, бидејќи Манчестер Јунајтед објави дека девет играчи се слободни да си бараат нова средина.

Рубен Аморим ја донесе одлуката кои играчи не му се потребни и започна со вистински и големи промени ова лето.

Малкумина очекуваа дека бројот на играчи кои се слободни да бараат нова средина ќе биде девет, но одлуката беше донесена.

Играчите од првиот тим и академијата на Манчестер Јунајтед кои Аморим ги отпушти се:

Виктор Линделоф
Џони Еванс
Кристијан Ериксен
Хуберт Грачик
Џек Кингдон
Сем Мари
Том Мајлс
Џејмс Нолан
Том Вустер

Фото: Принтскрин