Каков ден за „ѓаволите“: Пристигна Ван-Бисака, а сега потпишува и англиски репрезентативец!?


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Арон Ван Бисака е првото звучно засилување на Манчестер јунајтед за следната сезона, откако денеска беше платен 55 милиони евра и пристигува од Кристал Палас.

„Ѓаволите“ наскоро тргнуваат по потписите на неколку фудбалери, а покрај тоа тие ќе се обидат да потпишат нов договор со фудбалерот на англиската репрезентација Маркус Рашфорд.

Пред Рашфорд потпиша и Хуан Мата, а беше ангажиран и Даниел Џејмс од Свонси за 20 милиони евра и полека се создава тим, со кој Оле Гунар Солскјер ќе се обиде да го нападне врвот во Премиерлигата.

Ако тоа е воопшто возможно покрај Манчестер сити и Ливерпул, кои и во следната сезона ќе водат главна битка.