Каков договор: Ѕвезда на Челси потпиша на уште седум години!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалерот на Челси, Мојзес Каиседо, дефанзивниот играч за врска кој веќе во Брајтон докажа дека е еден од најдобрите на својата позиција во најсилната лига на светот, ќе го продолжи договорот со Челзи.

Првенствено, неговиот договор важеше до 2031 година, но благодарение на неговата посветеност заслужи нов договор и зголемување на платата.

Еквадорецот кој го сруши рекордот за трансфер меѓу премиерлигашките клубови во тој момент (подоцна Исак го сруши неговиот рекорд) ќе потпише договор до 2033 година.

Оваа сезона играше дури на 42 натпревари, еден е од најстандардните фудбалери во Челзи во последните десетина години бидејќи ретко го гледате надвор од тимот.

Каиседо досега заработуваше 150 илјади фунти на неделно ниво, сега таа сума ќе биде далеку повисока…