Каков малер: Дибала се повреди додека изведуваше пенал и нема да игра на СП во Катар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала постигна гол за победа на Рома од 2-1 против Лече, но сепак нема да го памети натпреварот по добро.

Дибала се повреди при изведување на пеналот, по што првите прогнози се дека ќе го пропушти Мундијалот во Катар.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо објави дека станува збор за лоша повреда, а тоа воопшто не се добри вести за фудбалот, но и за Аргентина.

„Повредата е сериозна. Мислам дека е многу лоша, откако разговарав со Дибала“, вели Мурињо.

Дибала денеска оди на дополнителни медицински прегледи, по што ќе биде познато колку време ќе паузира.