Каков натпревар сакаат? Финалистите во шпанскиот Куп имаат 48 часа да решат!

Пред да се појави пандемијата на коронавирусот беа добиени финалистите во шпанскиот Куп. Љубителите на фудбалот ја очекуваат битката меѓу Реал Сосиедад и Атлетик Билбао, но засега не е познато кога ќесе одигра.

Шпанскиот фудбалски сојуз мора да делува брзо за да најде решение затоа што ако не биде одиграно финалето до 3 август, тогаш еден од финалистите ќе остане без место во Лига Европа следната сезона.

Тие се соочуваат со тешка битка со времето, која никој не ја очекуваше, па Реал Сосиедад и Атлетик Билбао имаат по 48 часа да се изјаснат за своите ставови – дали сакаат натпревар по секоја цена пред публика или празни трибини.