Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанија по 120 минути игра успеа да ја елиминира Хрватска во осминафиналето на Европското првенство (ЕП) со победа од 5-3.
Хрватите поведоа со автоголот на Педри во 20. минута, но до крајот на првите 45 минути Сарабија израмни на 1-1, по што Аспиликуета стрелаше за 2-1, а Торес зголеми на 3-1 во 77. минута.
Токму тогаш Шпанците се опуштија и сметаа дека Хрватите нема да ја пробијат нивната одбрана, но на сцена стапи Оршиќ, кој најпрво погоди за 2-3, а потоа му асистираше на Пашалиќ за 3-3.
Хрватска немаше сила во продолженијата бидејќи Шпанија даде два гола, и тоа преку Мората и Ојарзабал за конечни 5-3.
Шпанија во следниот меч ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Швајцарија.