Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ уште еднаш го покажа својот тениски квалитет и шампионски менталитет во дуелот против Себастијан Кодра во финалето на турнирот во Аделаида.
Американецот го освои првиот сет во тај-брејк, по неколку грешки кај Србинот кој беше ептен нервозен на теренот.
Кодра беше на праг да го добие и мечот поради нервозата на Ѓоковиќ, но Србинот се смири пред тај-брејкот во вториот сет, спаси меч-топка и стигна до 1-1 во сетови (7-3 во тај-брејк).
Во последниот сет Ѓоковиќ играше постабилно на теренот и ја искористи една шанса за брејк која му донесе 6-4 во третиот сет.