Каков Погба, Перез спреми вистинска бомба за навивачите на Реал

Реал Мадрид по секоја цена ќе се обиде да доведе едно големо засилување ова лето.

Реал Мадрид ги врати Алваро Мората и Фабио Коентрао, но навивачите на кралскиот клуб и на Флорентино Перез тоа не му е доволно.

Секое лето во Мадрид доаѓа по една бомба, а после неколку неуспешни обиди, Перез најдоброто го сочува за крај – ќе се обиде да го доведе Марко Верати од ПСЖ.

 

Одамна е познато дека италијанецот е голема желба на мадриѓани, но Верати во ПСЖ е бетониран со договор како и улога незаменлив креатор на игра.

Сега, Реал Мадрид спрема сериозен напад бидејќи остана без Пол Погба, а претходно Барселона му го украде Андре Гомеш, а Челси, Н’Голо Канте.

Перез е спремен да понуди 50 милиони евра.

 

Реал на средината го има стандардното трио Касемиро – Крос- Модриќ како и незадоволните Хамес Родригез и Иско кој нема лесно да ја прифатат улогата на резерви.