„Каков ПСЖ?! Манчестер сити е идеалното место за Меси!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пабло Забалета зборуваше за иднината на Лионел Меси и смета дека негов идеален избор би бил Манчестер сити, иако за неговиот потпис е заинтересиран и ПСЖ.

Засега не е јасно што ќе се случи со Меси, иако утрово имаше најави дека речиси сигурно ќе го засили ПСЖ, но Забалета смета дека тоа би бил погрешен потег и според нег, Аргентинецот треба да потпише за „граѓаните“.

„Манчестер Сити во овој момент е најдоброто место за Меси. Не сакам да го гледам во тажната ситуацја во која е Барселона. Претходно никогаш не сум помислил дека може да дојде време да минува неговата последна година од договорот со Барселона. Тимот не е на нивото на кое треба да биде, играчите на Барселона изгледаат како воопшто да не уживаат на теренот. Ќе видиме што ќе одлучи Меси“, кажа Забалета.