Каков татко, таков син: Детето на Суарез гриза како фудбалерот на Барселона (ФОТО)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Луис Суарез е познат по неговите гризања на неколку натпревари во минатото. Тоа го почна во Холандија, па продолжи во Англија, кадешто неговите заби ги почуствува Бранислав Ивановиќ, а на Мундијалот во Бразил го гризна Кјелини.

Тогаш заработи голема суспензија, па под посебни услови потпиша за Барселона, а одеше и на психијатар, па на крајот дури пет години никого не гризна.

Кога ќе се спомене неговото однесување, може да се каже дека созреал, но очигледно има наследник во неговата „професија“.

Станува збор за неговото најмало детенце, Лаутаро, синче кое вчера покажа дека ќе го наследи својот татко, секако – за гризањето.