Каква глупост: Кин го шутна противникот и заработи црвен картон за 31 секунда (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус вчера загуби во дербито против Рома со 0-1 и така направи чекор назад во битката за топ-4 и излез во Европа следната сезона.

Поранешниот италијански шампион дури трипати ја погоди стативата од голот на Рома, додека екипата од Рим единствениот гол го постигна преку Џанлука Манчини.

Масимилијано Алегри во завршницата му даде шанса на Мојсе Кин, кој за 31 секунда на теренот успеа да направи глупост и да заработи црвен картон.

Кин го шутна Манчини по само 31 секунда на теренот, а судијата му покажа директен црвен картон.