Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Челси, Н’Голо Канте е познат по неговата скромност, а очигледно е задолжен и за изненадување на други луѓе.
Скромниот фудбалер повеќе пати ја покажа својата човечка големина, а тоа сега го направи уште еднаш, откако замина на свадба на еден навивач на Челси.
Франк Калид, навивач на Челси, имаше среќа да го запознае Канте во еден лондонски ресторан, а кога му се венчала ќерката, решил да го повика Французинот на свадба.
Многумина би заборавиле на тоа, но Канте пристигнал на време и притоа се дружел со гостите на венчавката.
„Канте е неверојатна личност со златно срце“, кажа таткото на Хана Калид, девојката која се венчала за Рахел Малик.