Каква легенда: Младоженец наместо на сопругата му се заблагодари на фудбалер на Астон Вила! (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Астон Вила обезбедија пласман во плејофот во Чемпионшип-лигата за место, кое води во Премиерлигата.

Навивачите на Астон Вила се надеваат дека нивниот клуб ќе се врати во елитата во Англија, а колку ја посакуваат Премиерлигата се забележа и на една венчавка во Бирмингем.

Младоженецот, кој е навивач на Астон Вила, го одржа најдобриот говор, а сигурно неговата сопруга имала причина за прва брачна караница.

„Прво морам да признаам дека пред неколку години бев депресивен и не знаев што ми носи иднината. Бев во мрачен период, но благодарение на една личност, добив надеж во животот. Дами и господа, Џек Грилиш ја врати вербата дека Астон Вила може да се врати во Премиерлигата и тој е заслужен што се врати мојата надеж“, вели младоженецот, кој ја шокираше невестата и ги насмеа присутните.