КАКВА МАГИЈААА НА ВАРДАРЦИ: Падна големата Барселона, Вардар во големото финале


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Вардар приреди големо чудо во „Ланксес“ арената во Келн откако ја совлада Барселона по негатива од седум голови и се пласираше во големото финале.

Ракометарите на Вардар испишаа уште една неверојатна бајка во последните 20 минути од средбата во кои успеаја да ја анулираат големата негатива.

Вардар влезе во историјата на ова натпреварување затоа што стана првиот тим кој успеал да анулира толку голема негатива на Ф4 турнирите и да се пласира во финалето.

Ова е второ финале за Вардар и сите се надеваме дека ќе се повтори исходот од финалето од пред две години.

Вардарци чудото го реализираа предовдени од Дејан Милосављев кој нанижа 18 одбрани, а во нападот посебно во второто полувреме брилијираше Даинис Криштопанс кој на крајот заврши со девет постигнати погодоци.