Каква приказна: Забременила на 12 години, а ќе оди на ОИ во Токио на 26!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кениската боксерка Кристина Онгаре забременила на само 12 години, а 14 години подоцна се квалификувала за учество на Олимписките игри (ОИ).

Онгаре, која има 26 години, заврши на третото место во „перо лесна“ дивизија на африканските квалификации за ОИ, што значи дека пласман во Токио, каде што ќе се обиде да освои медал.

„Таа ја презема грижата за кревање на моето дете, па така моето дете ја знае мајка ми како негова мајка… бев мало дете, тоа беше чист притисок да пробаш нешто и да се уништиш“, открива таа.

Онгаре кажа дека живееле во тешки услови и дека боксот е сè што има.

„Не постои друг начин да заработам пари. Ако се квалификувам на ОИ, тоа ќе ми отвори многу врати, се надевам дека ќе успеам“, открива таа.