Каква промена: Ерлинг Халанд донесе одлука за која зборува цела Европа


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Според норвешките медиуми, а пренесува “Мирор”, напаѓачот на Манчестер сити ќе настапува за репрезентацијата на Норвешка со друго презиме на дресот.

Наместо само Халанд, на дресот над бројот ќе го носи презимето на неговата мајка Гри Марите, така што над бројот девет од септември ќе пишува “Браут Халанд”.

Оваа одлука го изненади и селекторот на Норвешка, Стале Солбакен.

– Тоа е неговото име (Браут), веќе не е толку тешко за изговор. Досега ништо не знаев за тоа – рече Солбакен.

Интересно е што Халанд веќе е познат на Instagram под своето полно име Ерлинг Браут Халанд.

Фото: Принтскрин