Каква жртва во битката за прво полуфинале на Тотенхем во историјата: Али во ревашот против Сити ќе игра со скршена рака…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Тотенхем славеа во вторникот вечерта против Манчестер Сити на домашен терен со 1:0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите, но во таа прилика се повредија и двајца играчи на овој клуб.

И, додека за Хари Кејн веќе се шпекулира дека е загубен до крајот на сезоната бидејќи повторно ги повреди лигаментите, за ситуацијата на Деле Али се знае многу малку.

Поточно кажано, познато е дека има проблеми со повреда на раката, а се чини дека истата е скршена. Токму поради тоа Али ја напушти средбата на три минути пред крајот, а вчера ја сликаше раката за да го утврди проблемот.

И, додека навивачите на Тотенхем чекаат официјални вести за неговата повреда, добија информација дека тој веројатно ќе игра со скршена рака.

За медицинскиот тим на Тотенхем ниту тоа не би требало да биде проблем, а Али веројатно ќе користи гипс или лонгета за да ја заштити раката.

Тоа е само доказ дека ова за Тотенхем е еден од најважните натпревари во историјата на клубот, со оглед на тоа дека „Петлите“ никогаш не играа во полуфиналето во ЛШ, а сега имаат шанса да се пласираат таму.

Инаку, реваншот помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем на распоредот е следната недела, а Али веројатно ќе го пропушти мечот кој Тотенхем за време на викендот ќе го игра против Хадершфилд.