Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија го изненади светскиот првак Данска во третиот меч од квалификациите за Европското првенство откако славеше со 33-29.
Ракометарите на дебито на Кире Лазаров како нов селектор беа фантастични на теренот и доминираа во текот на целиот натпревар, а првото полувреме го добија со 17-13.
Во вториот дел продолжи одличната игра на македонските ракометари, кои го зголемуваа водството и на крајот победија со 33-29.
Најдобри кај Македонија беа Манасков, Талески и Кузмановски со по пет гола, додека Никола Митревски запиша 13 интервенции.