Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Претседателот на Бреша, Масимо Челино уште еднаш кажа дека неговиот тим нема намера да продолжи со натпреварувањето во Серија А.
Италија е држава, која е најпогодена од пандемијата на коронавирусот, но сепак се планира продолжение на фудбалската сезона, која е прекината од почетокот на март.
Меѓутоа, ако продолжи да се игра на крајот на мај, како што беше планирано, играчите на Бреша нема да бидат на теренот, а тоа го кажа претседателот на клубот.
„Сезоната нема смисла, мора да ја запреме затоа што ниту еден тим нема да биде ист, нема да има публика, а станува збор и за здравјетона фудбалерите“, кажа Челино и се закани дека неговиот тим е подготвен сите натпревари да ги предаде на противниците.