Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Коронавирусот ја нападна Специја, а клубот од Серија А објави дека има шест фудбалери и еден член на стручниот штаб кои се позитивни на вирусот.
Овој клуб пред неколку дена беше и парично казнет, а доби и забрана за трансфери поради ангажирање на малолетни фудбалери, па сега ова е дополнителен удар за калчолигашот.
„Специја објави дека на последното тестирање има шест фудбалери и еден член на стручниот штаб кои се позитивни на коронавирус. Поради тоа, тимот ги прекина сите фудбалски активности и цела екипа е во изолација“, соопшти клубот.
Специја во минатата сезона се избори за опстанок во Серија А, откако заврши на 15. место со 39 бодови.