Калчомеркато најавува: Арсенал доведува бомбастично засилување од Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал ќе се обиде за следната сезона да доведе еден од главните играчи на Рома.

Костас Манолас, фантастичниот грчки стопер, на мета се неколку екипи, а Арсенал ќе се обиде да го донесе така што на Рома обештетата ќе им ја исплатат на неколку рати.

Манолас во договорот со Рома има клаузула за ослободување од 36 милиони евра која може да се активира од 1. јули и која може да се исплати во две еднакви рати.

Арсенал е подготвен да ја искористи таа опција и да ја засили задната линија која е криминална во текот на целата сезона. Познато е дека одбраната е најголем проблем за Арсенал и Унаи Емери е свесен дека мора да пронајде пред се врвни стопери.

Манолас е одличен во Рома оваа сезона, а претходно и Јунајтед се обидуваше да го донесе. Нема сомнеж дека беше „како скроен“ за Топчиите, доколку успеат да го донесат.

Култното трио „BBC“ заминува во заборав со заминувањето на Андре Барзагли во пензија, годините го земаат данокот на Киелини, па овој дефанзивец често е повреден, поради што на Бонучи ќе му треба нов партнер во последната лонија.

Иако неодамна го продолжи договорот Даниеле Ругани не ја гарантира сигурноста што ја покажа и двомечот во Лигата на шампионите против Ајакс што е уште една од приините за ангажман на нови играчи во одбраната.

Изборот падна на Костас Манолас, дефанзивецот на Ром кој „Старата дама“ ќе го ангажира на идентичен начин како Миралем Пјаниќ пред неколку години, т.е. со активирање на откупната клаузула.

Грчкиот дефанзивец со Рома има договор до 2022. година, а за неговиот играчки картон потребно е да се платат 36 милиони евра. Во оваа реализација ќе помогне и Раиола кој го застапува бившиот играч на Олимпијакос.

Јувентус веќе традиционално е слаб за и онака недораснатата конкуренција во Италија и практично доведува најдобри играчи кои играат на Апенините.

Манолас во Италија е од 2014. година кога во трансферот вреден 15 милиони стигна на Олимпико. „Старата дама“ го сакаше и тоа лето, но во Рома беа побрзи и поспретни.