Калински испрати моќна порака до репрезентативците пред историскиот меч против Косово ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонските фудбалски репрезентативци имаат историска шанса да се пласираат на Европското првенство, а за тоа прво мора да ја минат селекцијата на Косово. Пред важниот натпревар порака до репрезентативците испрати Златко Калински.

Калински гостуваше во емисијата „Сега е наше време“ и во разговорот со водителот испрати моќна порака до македонските фудбалери.

„Кога ќе истрчаат, да истрчаат и со верба во себе и во соиграчите и во селекторот, да бидат свесни дека можат да испишат историја. Да бидат свесни дека можат да ни го направат животот многу поинтересен и поубав, а и самите себе си да се дигнат многу повисоко бидејќи ова се моменти кои ќе ги паметат за цел живот. Јас им посакувам многу среќа“, кажа Калински.

На видеото кое се наоѓа во продолжение може да го погледнете цело интервју.