Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Францускиот фудбалер Едуардо Камавинга полека, но сигурно станува важен дел од Реал Мадрид. Тој ова лето пристигна од Рен, а во едно интервју зборуваше за трансферот.
Камавинга кажа дека Рен му останал во срцето, но е среќен во Мадрид.
„Кога видов дека ме бара Реал Мадрид, не се двоумев ниту секунда. На терен сакам само да му помогнам на тимот. На почетокот не го славев голот затоа што не мислев дека во првиот меч ќе идам стрелец. Тренинзите во Реал веднаш ме импресионираа. Многу бев изморен, но сега се навикнав. Сакам да бидам дел од репрезентацијата и Светското првенство во 2022 година, но знам дека мора да се докажам преку натпреварите на Реал“, вели Камавинга.