Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Во шпанската лига, Реал Мадрид освои нови три поени, триумфирајќи со 1-0 против Осасуна на гостински терен. Ова е првпат „кралевите“ да освојат ваков резултат сезонава во Ла Лига.
Младиот француски играч, Едуардо Камавинга, ја погоди мрежата на Осасуна и му овозможи на Реал водство кое се покажа како решавачко за победата.
Натпреварот не помина без тензии – четири минути по голот на Камавинга, Реал остана со десет играчи. Килијан Мбапе беше исклучен со директен црвен картон, поради остар старт, што ја усложни ситуацијата за гостинскиот состав.
Фото: Real Madrid/FB