Камерите го снимија неврозниот Алегри: Да ве е*ам, па вие играте за Јувентус!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус игра очајно во новата сезона од италијанската Серија А. Тимот на Масимилијано Алегри има само два освоени бодови од 12, а по ремито со Милан (1-1), тренерот беше ептен нервозен.

Камерите го снимија 54-годишниот тренер како нервозно се движи кон соблекувалната и притоа пцуе.

„Да ве е*ам, па вие играте за Јувентус“, викаше нервозниот Алегри.

Алегри и на интервјуто беше нервозен затоа што имало караница во соблекувалната по натпреварот.

Јувентус е очигледно во големи проблеми на почетокот на новата сезона, а шанса да стигнат до прва победа ќе имаат кај Специја.