Камерман ги „наполнил гаќите“ кога му се обратил Мајк Тајсон (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон присуствувал во саботата на мечот меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер во Лас Вегас.

Тајсон бил воодушевен од борбата и победата на Фјури, но беше во центар на внимание поради ситуација, која се случи по дуелот.

Поранешниот НФЛ-играч, Чед реши да го поздрави Тајсон и тоа да го сними, но Мајк не знаел за што точно станувало збор.

Тој се приближил на камерманот и го прашал што прави со неа, односно зошто го снима и бил лут поради тоа, но потоа Чед му објаснил што се случува, по што поранешниот боксер се извинил.

„Можам да потврдам дека ги наполнив гаќите“, порача камерманот откако беше објавено видеото на Твитер.