Кан му одговори на Левандовски: Со вакви изјави ништо не се постигнува!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан реагираше по изјавата на полскиот напаѓач Роберт Левандовски дека сака да си замине од германскиот гигант.

Левандовски кажа дека е подготвен за нов предизвик и не сака повеќе да игра за баварскиот тим, иако има договор до следното лето.

На ова реши да одговори Кан за германски „Спорт1“ и кажа дека не му е јасно што се обидува Левандовски да постигне преку јавни соопштенија.

„Не знам зошто Левандовски реши да комуницира на ваков начин за ситуцијата. Со јавни соопштенија никаде не се стигнува. Роберт треба да знае што има во Баерн“, кажа Кан.