Канаваро има свој фаворит за освојувач на „Златната топка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И оваа година се води голема дебата за тоа кој треба да ја добие „Златната топка“, а светскиот шампион од 2006 година, Фабио Канаваро нема дилеми.

Поранешниот италијански репрезентативец и фудбалер на Интер, Јувентус и Реал Мадрид, смета дека наградата треба да ја добие Лионел Меси.

„Меси е најдобар во свет и херој на Копа Америка“, кажа Канаваро за италијанските медиуми.

Канаваро зборуваше и за италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, кој според негово мислење е најдобар италијански играч.

„Изненаден сум дека пред Европското првенство некој мислеше дека е просечен голман. Нема ништо просечно кај него. Тој има 22 години, а во следните 10-15 години ќе биде најдобар во светот“, кажа Канаваро.