Кандидат за прв човек на Барселона со изјава за Меси предизвика бура во Шпанија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кандидатот за претседател на Барселона, Пере Риера го кажа својот личен став за иднината на Лионел Меси во каталонскиот клуб по завршување на сезонава.

Изјавата на еден од кандидатите создаде вистинска бура во Шпанија.

„Според мое мислење, Меси треба да остане во Барселона, а не да биде нејзина историја. Неговото заминување не е добро за никого. На крајот, Меси е тој кој ја одредува својата иднина. Се сомневам дека би сакал да замине, но јас не би го задржувал по секоја цена доколку реши дека е време за преселба“, вели Риера.

Риера кажа дека нема големи ветувања во изборната кампања.

„Не би сакал да ветувам големи имиња доколку не можам да ги ангажирам. Ла Масија не е доволно искористена, таа е наша ДНК“, објаснува претседателскиот кандидат.