Канисарес: Винициус сака најголем договор во Реал, но не го заслужува со играта


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Пред влезот во 2026 година, еден од главните приоритети на управата на Реал Мадрид ќе биде решавањето на договорната ситуација со Винисиус. Актуелниот договор на бразилската ѕвезда истекува во 2027 година, што значи дека со почетокот на следната сезона ќе влезе во последните 12 месеци од договорот.

Иако преговорите веќе траат некое време, договор сè уште не е постигнат, а главниот камен на спотекнување се финансиските барања на Винициус. Според наводите на шпанските медиуми, Бразилецот сака најголем договор во Реал, по кој би заработувал 30 милиони евра по сезона.

Ситуацијата за радио станицата COPE ја коментираше и поранешниот голман на Реал Мадрид, Валенсија и шпанската репрезентација Сантјаго Канисарес, кој смета дека барањата на Бразилецот не се во согласност со неговата моментална игра. Според неговите зборови, клубот не сака да го стави во истата платна категорија како првата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе.

“Платата за која се расправа не одговара на она што Винициус го прави на теренот, на она што ќе биде на маса ако потпише нов договор. Но факт е дека неговата плата не одговара на платата на мнозинството играчи на Реал Мадрид”, изјави Канисарес.