Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот голман на Валенсија, Сантијаго Канизарес имаше само лоши зборови за Роналд Куман.
Поранешниот чувар на мрежата имаше шанса да работи во Валенсија со Куман и смета дека Холанѓанецот е најлош тренер со кој соработувал.
„Бранев во Валенсија 10 години и во тој период соработував со осум различни тренери, но Куман беше најлош. Не знаеше како се управува со екипата, не носеше вистински одлуки. Во тактичка смисла не знаеше да објасни основни упатства за тоа што го очекува на теренот“, вели Канизарес.
Куман не направи ништо од неговото доаѓање во Барселона, а многумина го гледаат како главен виновник за распадот на каталонскиот гигант.