Канизарес откри зошто Реал се откажал од Навас: Тие не му дадоа шанса…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот шпански голман Сантијаго Канизарес објасни зошто Реал Мадрид се откажал од Кејлор Навас.

Навас беше член на „кралевите“ пет години и за тоа време освои три трофеи во Лигата на шампиони и една во Ла Лига.

Сепак, по пристигнувањето на Тибо Куртоа, Навас го загуби местото, па реши да замине од клубот во летниот преоден рок.

Канизарес вели дека никој не го сакал тоа во Реал, но морале да го пуштат голманот од Костарика да замине.

„Реал се насочи кон Куртоа и не му дозволи на Навас да покаже дека е подобар од него. Сите сакаа да го задржат, посебно Зидан, но на некој начин му беа должници, па мораа да го пуштат“, вели Канизарес.