Кансело не може да спие мирно – ѝ посакуваат смрт на неговата неродена ќерка!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона загуби од ПСЖ во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампиони (ЛШ) и беше елиминирана од елитното натпреварување.

Еден од најкритикуваните по поразот на каталонскиот гигант е Жоао Кансело кој направи пенал и го најави распадот на Барселона.

Кансело поминува низ вистински пекол по дербито со ПСЖ, затоа што навивачи го навредуваат и му се закануваат.

„Општеството во кое живееме денес е многу болно. Навивачи на социјалните мрежи ѝ посакуваат смрт на мојата неродена ќерка. Такво нешто не смее да се случува“, кажа Кансело.