Канте по 10 години го смени телефонот (Фото)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Французинот Н’Голо Канте години наназад користеше скршен телефон. Конечно одлучи да го смени, но и овој пат избра да купи многу поевтин модел отколку што би направиле 99,9 проценти од другите фудбалери.

Н’Голо Канте е познат како исклучително скромен човек. Иако заработува десетици милиони евра на годишно ниво, тој не сака да фрла пари, што беше покажано и со изборот на телефонот.

Додека обичните луѓе трошат илјадници евра за да набават некој врвен телефон, Канте тоа не го смета за вредно вложување и се одлучи за исклучително скромна варијанта.

Години наназад Французинот носеше телефон кој не беше особено функционален. Се работеше за стара верзија на една позната марка, беше прилично искористен и скршен.

Дури откако стана не функционален, Канте одлучи да го замени. За новиот телефон потроши нешто повеќе од 100 евра.

Одлучи да купи телефон од помалку познатата марка „Техно“. Нему му е сосема доволно да може да обави повик или да испрати порака и за други работи му и не служи.

Канте уште еднаш покажа колку е скромен. Не сака бескорисно да фрли ниту еден евро иако на годишно ниво заработува 25 милиони евра нето.