Канте побарал трансфер од Челси – сака да игра за Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер од редовите на Челси, Н’Голо Канте игра одлично во англискиот гигант, но според англиските медиуми, тој побарал трансфер на крајот на сезоната, иако има договор до 2023 година.

Англичаните пишуваат дека неговото барање за трансфер го предизвикал големиот интерес од страна на Реал Мадрид, кој веќе некое време го следи францускиот репрезентативец.

„Кралевите“ веќе се засилуваа од Лондон, откако минатото лето го купија Еден Азар, а претходно им го „украдоа“ и Тибо Куртоа, па сега сакаат со 100 милиони евра да го добијат и потписот на Канте, иако тоа сигурно нема да биде толку лесно и „сините“ сигурно ќе бараат многу повеќе пари за негов трансфер.