Канте се опиша себеси: Не ми зборувајте дека сум најдобар…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Н’Голо Канте во претходните недели е во центар на внимание, посебно по маестралните настапи во финалето на Лигата на шампиони против Манчестер сити.

За Канте пишуваа сите светски медиуми, па сите се сложни дека Французинот е најскромен и најдобар фудбалер во светот.

Овој 30-годишен репрезентативец доби голема популарност поради неговото однесување на теренот, но вели дека сака да биде само нормален човек.

„Се обидувам да го правам тоа што треба, да бидам природен и да дадам максимум од себе на теренот. Вистина е дека понекогаш може да имате репутација дека сте најдобри, но јас сум само нормална личност, еден од многу играчи. Не мора да ми се зборува дека сум најдобар. Некогаш е премногу. Не мора да биде така. Се сложувам добро со соиграчите“, вели Канте.