До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ерик Кантона би можел да се врати во Манчестер јунајтед. Французинот е една од легендите на англискиот гигант, а „Мирор“ објави дека би можел да добие улога на амбасадор.
Кантона во 1992 година пристигна во Јунајтед за кој играше пет години и притоа постигна 82 гола и освои четири титули во Премиерлигата, два во ФА-купот и три во Комјунити Шилд, а беше познат и по својот темпераментен карактер.
Сите го паметат неговиот кунг-фу удар во мечот против Кристал Палас, поради кој доби суспензија на дури девет месеци.















