Капело го критикува Реал Мадрид: Анчелоти заслужува почит!


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Фабио Капело, некогашниот легендарен стратег, остро ги критикуваше шпекулацијата во шпанските медиуми дека раководството на Реал Мадрид размислува да го отпушти Карло Анчелоти.

Италијанецот, познат како еден од најуспешните тренери во историјата на фудбалот, не ја сокри својата вознемиреност од начинот на кој се третира неговиот сонародник.

„Цврсто стојам зад Карло. Она што му се прави е неправедно и покажува длабок недостаток на почит. Зборуваме за тренер кој донесе бројни трофеи и го возвиши Реал во клучни моменти. Заслужува достоинствен третман, а не вакви јавни понижувања“, изјави Капело во одбрана на својот колега.

Фото: Принтскрин