Капело го нападна Роналдо: Такви грешки не смеат да се прават!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Еден од деталите кои го одбележаа мечот меѓу Јувентус и Порто во Лигата на шампиони е грешката на Кристијано Роналдо.

Порто беше поразен во реваншот со 2-3, но тоа им беше доволно да се пласираат во четвртфинале на натпреварувањето.

Голот вреден за вкупен триумф го постигна Серхио Оливиера во 115. минута, откако Роналдо пропушти една топка.

„Таква грешка не смее да се направи. Јас за жив ѕид секогаш бирав фудбалери кои не се плашат од топката. Не смееш да се свртиш во жив ѕид, тоа никогаш не се прави“, кажа Капело.