Капело го советуваше Алегри: Подобро е да отидеш во Манчестер Јунајтед, отколку во Баерн


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватскиот стручњак Нико Ковач доби отказ од управата на Баерн после дебаклот кој го доживеа на гости против Франкфурт (5:1).

Ковач пред година дена го превзема кормилото на клубот од Минхен, но од почетокот беше под огромен притисок. Во неколку наврати се шпекулираше дека Баерн сака да му даде отказ, и тоа се реализираше овој викенд кога Баерн доживеа пораз од 5:1 против Франкфурт.

Хрватскиот тренер со прости од играчите и од Баерн и сега ќе чека нова шанса во друг европски клуб. Баварците веќе го заборавија Ковач бидејќи се во големи проблеми околу тоа кој ќе биде негова замена.

Во германските медиуми се споменуваат неколку кандидати кои би можеле да ја превземат клупата на Баерн, а фаворити се Максимилијано Алегри и Жозе Мурињо кои навивачите на овој клуб со задоволство би ги гледале на Алианц Арената.

Околу сево тоа прозборе и легендарниот тренер Фабио Капело кој одлучи да го советува Алегри. На изненадување на многумина тој му препорача дека е подобро да чека да види како ќе се развиваат работите во Манчестер Јунајтед и да го превземе тој клуб отколку да доаѓа во Баерн.

„Алегри добро одговара на Баерн, но не знам како Италијацните се добредојдени во Германија после Анчелоти кој беше многу кратко. Англија е доста возбудлива, а Премиер Лигата е натпреварување кое ве исполнува како тренер. Да сум на местото на Алегри би заминал во Манчестер Јунајтед“, рече Капело.

Алегри во изминатите години го тренираше Јувентус, но на крајот од изминатата сезона тој доби отказ и моментално бара нов ангажман.