Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Поранешниот стратег на Реал Мадрид, Фабио Капело, не е особено импресиониран од настапите на Килијан Мбапе во неговата прва сезона во „кралскиот“ клуб.
Иако Французинот пристигна во Мадрид ова лето со големи очекувања, италијанскиот тренер смета дека неговата интеграција во тимот не оди според планот. Главниот проблем, според Капело, е тоа што Мбапе и Винисиус Жуниор играат на иста позиција, што влијае на нивната соработка на теренот.
„Мбапе и Винисиус имаат идентичен стил и делуваат на истата зона од теренот. За сега, нивната комбинација не функционира како што би требало во Реал Мадрид“, истакна Капело.