Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот тренер Фабио Капело откри дека додека го предводел Јувентус сакал да го донесе Лионел Меси.
Во текот на својата тренерска кариера, Капело имаше шанса да соработува со многу врвни фудбалери, а малку недостигало да му биде тренер и на Меси.
На мечот кој Јувентус и Барселона го одиграле на еден турнир, Меси го воодушевил Капело, па тој веднаш сакал да го донесе во Торино.
„Веднаш можеше да се забележи дека ќе биде голем фудбалер. Му реков на Рајкард дали може да го позајми Меси, но тој ми кажа дека нема да го даде Аргентинецот, иако имаа проблем со тројца фудбалери кои не беа од Европската унија“, открива Капело.