Капитенот на ПСЖ се сели во Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако стана јасно дека капитенот на ПСЖ, Тијаго Силва нема да остане во францускиот клуб веднаш се појавија шпекулации за неговата иднина.

Долго време се најавуваше дека играчот ќе се врати во Милан, клубот од кој си замина за да потпише договор со тимот од „Паркот на принцовите“.

Сепак, последните најави говорат дека Тијаго Силва нема да се пресели во Милан и наместо во Италија ќе се упати кон Англија.

Од таму интерес има од Арсенал, Евертон и Тотенхем, а најконкретен во намерата за негов ангажман е Тотенхем.

Жозе Мурињо инсистира на трансфер на Тијаго Силва кој го гледа како потенцијална замена за Тоби Алдервилд и Јан Вертонген.