Капитенската лента на Роналдо се продава на аукција за спас на едно детенце!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По голем број аукции на дресови, вечера со познати личности, сега за спас на човечки живот се приклучи и капитенската лента на Кристијано Роналдо.

Роналдо ја фрли капитенската лента на „Маракана“, откако не му беше признат чист гол против Србија (2-2) во квалификациите за Светското првенство (СП) во Катар.

„Еден работник на стадионот ја собрал капитенската лента од тревата на стадионот. Ги контактирал неговите пријатели во медиумите и веднаш почнале аукција“, соопштија од Србија.

Јован Симиќ ја понудил капитенската лента на аукција, а таа за помалку од два часа достигна цена поголема од 250.000 српски динари.