Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Рускиот тенисер Аслан Карацев без сомнеж беше главна сензација на Австралијан опен, но загуби во полуфинале од Новак Ѓоковиќ.
Русинот во главната ждрепка стигна преку квалификациите, а на турнирот забележа големи победи и беше подобар од Диего Шварцман и Григор Димитров од позвучните имиња.
„Ова беа две одлични недели за мене. Добро искуство. Да се игра против Ноле е посебно искуство, да се почуствува таа игра, да се забележи начинот на кој игра тој. Чувството е неверојатно. Имаше многу луѓе, почуствував поддршка, добра атмосфера.. Разликата во нивоа е голема, тоа е највисоко ниво на тенис. Ѓоковиќ не ви дава бесплатни поени. И кога сервирам, секој поен мора да го заслужам“, вели Карацев.