Караница меѓу Модриќ и Пике, отровни стрели пушти фудбалерот на Реал Мадрид! 🎥


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Одлично „Ел Класико“ беше одиграно вчера, а Реал Мадрид ја совлада Барселона со 2-1. А, како и секогаш, по дербито фудбалерите се жалат на судењето.

На крајот на натпреварот, Жерар Пике, кој не настапи замина кај судијата да протестира поради некои одлуки.

Претходно Пике се скара и со Лука Модриќ, кој фрли отровни стрели кон искусниот дефанзивец на каталонскиот тим.

„Само чекаш кога ќе почнеш да плачеш…“, кажа Модриќ.

„Човеку, само четири минути…“, беше одговорот на Пике.

„Колку сакаше ти?“, праша Модриќ.