Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгискиот репрезентативец Јаник Фереира Караско призна дека му недостасува играњето во Европа и најави дека наскоро би можела да заврши неговата авантура во Кина.
Караско играше за Атлетико Мадрид и Монако во најсилните пет лиги во Европа, и би можел да се врати на стариот континент веќе во јануари.
За него постои голем интерес од Арсенал и Интер, а се распрашуваат и Манчестер Јунајтед и Милан.
„Ми недостасува Европа, но јас имам договор во Кина. Во последните денови од преодниот рок клубот не дозволи да си заминам. Сепак, јас се надевам дека ќе можам да го направам тоа наскоро и нешто поконкретно ќе се реализира“ –истакна Караско.